Земјоделците и фармерите незадоволни од политичката криза, сметаат дека непотребно и предолго трае. А оние кои ја започнаа никогаш ништо добро не направиле ниту за земјоделците, ниту за македонскиот народ, СДСМ секогаш гледала само за своите лични интереси.Кризата што за зафати нашата држава долго трае, ваква криза никогаш немало, вели претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.
-Нашите дедовци, прадедовци што се бореа за оваа Македонија и ги дадоа своите животи ќе се превртуваат во гробовите ако го видат ова се што се случува во државата. Сметам дека кризата и протестите треба веднаш да завршат. Доста ни е од се ова што го гледаме по телевизиите и на плоштадите. Кризата и протестите не носат добро за државата. Треба политичките партии кои се вклучени во овие протести еднаш засекогаш да седнат на заедничка маса и да се договараат како на кој начин ќе излезе од оваа слепа улица, вели Тантаров.
Ние како земјоделци треба да работиме, треба да го посееме сето она што требаше да се посее со програмава за пролетнава сеидба некаде на околу 200.000 хектари површина, да донесеме повеќе храна за нашата Македонија, за трпезите, но и за извоз.
-Тоа што се крши е наше. Се надевам дека изборите закажани за 5 јуни ќе стават крај на сето ова што се случи, заклучува тој.
Она што е создадено со векови нашите предци нашите дедовци, нашите татковци и ние што сме се труделе тоа да го донесеме и сега некој се дрзна да сето тоа го руши. Тоа не го оправдувам без разлика за кој станува збор, вели Никола Стаменов, претседателот на Федерација на Фармери на Република Македонија.
Мене ме восхитува кога ќе се направи нешто ново, значи не само мене и граѓаните, имаме ние и туристи кои доаѓаат и се восхитуваат на она што е направено и сега сквернавењето на сето тоа што е изградено и што е направено е нешто за мене непоимливо. Значи некој оди и против културата и против она што е постигнато од нашите предци. Паднаа на најниското скалило, дозволија млади деца да бидат заведени и влегуваат во нешто непознато што можеби утре ќе се каат но касно ќе биде и за нив и за Република Македонија, бидејќи она што го имаме постигнато толку години престои опасност да го изгубиме, рече Стаменов.
-Тие што го првата тоа мислам дека не се свесни за тоа што го прават поради тоа што земјоделието е гранка која што не може да трпи. Не можат да не вовлекуваат и нас земјоделците во такви игри кој што некој ги спроведува. Мислам дека без разлика на сето тоа изборите треба да си течат. Не значи дека ако некој штрајкува ќе донесе многу добра иднина. Добрата иднина доколку ја имаат требаше да ја кажат кога беа на власт. Мислам дека со дотичните луѓе, дотичната партија кој што сега се прави душегрижник за земјоделците и за македонскиот народ. Тие не се душебрижничи туку се растурачи на државата, вели Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”.
-Мислам дека оваа политика што ја водат води кон нешто друго. Мислам дека разнебитување на самата наша држава за која што мака мачиме да застанеме на здрави нозе, да го поништуваш тоа што некој го изградил мислам дека не се во право. Тие сакаат со сила да стигнат и да ја преземат власта без никакви избори. Така не може. Народот во Македонија да си одлучи кој ќе ги води и како ќе ги вод, а не може некои платеници од страна и странски служби да ни спроведуваат на нас режим и да ни кажуваат како да биде во нашата куќа, заклучува тој.
Граѓаните мора да застанат во браникот на Македонија. Македонците страдале од Македонците и ден денес страда од нив, смета Аризанов.
-Историските знаменитости се нешто што значи за Македонија, да се сквернават и поништуваат милам дека не е во ред. Тие не се прави Македонци, заклучува Аризанов.
Зборувајќи во името на здруженијата кои ги претставуваат, сите тројца ги поздравија одлуките и политиките кои ги континуирано ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се во насока на подобар стандардот, услови за земјоделците и сточарите.Кризата што за зафати нашата држава долго трае, ваква криза никогаш немало, вели претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.
-Н