По барање на земјоделците од општината Новаци тие денеска се собраа за да им дадат поддршка на своите браќа по маки, земјоделците од Свети Николе кои искажаа повеќе проблеми околу прашањето со извршувањето на жетвата, односно откупот на пченицата, откупната цена и исплатата.-Ги поддржуваме земјоделците од Свети Николе во барањата упатени до Владата од сите еснафски организации во Македонија за решавање на овој проблем со пченицата. По двете катастрофи годинава, доцните мразови и сушата, кај нас состојбите со земјоделството годинава се тешки. Во нашите барања до Владата се бара концесијата за државно земјиште под закуп да се избрише бидејќи не може да се плати без приноси. Се надеваме дека наскоро ќе имаме шанса да бидеме примери од премиерот Заев да го запознаеме со сите наши тешкотии, претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.
Тој истакна и дека ако премиерот можеше да има појадок со бизнисмените од Сојузот на стопанските комори, ќе има време да не прими и да разговара со претставници за проблемите во аграрот.
-Ние имаме проблем со тоа што евтина е цената на житото, тоа е откупено и жетвата е при крај, затоа бидејќи пролетта беше доста сушна и приносите се доста ниски бараме Владата ако може, како минатата што дадоа по 100 евра, оваа да даде барем по 150 евра по хектар за да малку можеме да ги покриеме трошоците што ги имаме во земјоделието, велат земјоделците.
Тие велат и дека ги делат истите маки како и струмичани кои се соочуваат со бостанот, во нашиот регион земјоделците садат бостан и бараме Владата да направи откупен центар и да не биде тоа само во Струмица и овој крај е земјоделски и овој крај има потенцијал да произведува, но нема откуп. Земјоделците бараат освен пченицата Владата да ја откупува и лубеницата, бидејќи со лубеницата само не се опстојува.
-Министерот се пофали дека земјоделците ќе ги имаат парите на своите сметки, но пари немаат земено ниту 40 проценти, некои земјоделци имаат земено субвенции по сите мерки, а некои немаат ниту по една мерка. Нас не ни треба политика, ни треба мотика и обработка на земјата, порачаа земјоделците.
Од локалната самоуправа на општина Новаци велат дека барањата на земјоделците се издржани и се надеваат дека Владата ќе ги исплати субвенциите, ние имаме многу земјоделци и ги поддржуваме истите во нивните барања.-Ги поддржуваме земјоделците од Свети Николе во барањата упатени до Владата од сите еснафски организации во Македонија за решавање на овој проблем