Земјоделците од Тетовско да ги пријават штетите од поплавите

Од денеска до 16 јуни сите носители на земјоделски стопанства или организации на производители, односно од неевидентирани земјоделски стопанства, можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од климатски неповолниот настан кој што го зафати тетовскиот регион на 5 јуни, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на ова Министерство, а во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.
Министерството формираше две комисии од подрачната единица Тетово.
– Тие веќе направија првичен увид на земјоделските стопанства од тетовското село Порој, чии ниви беа погодени од невремето во понеделникот, односно од излевањето на водотекот наречен Порој, се вели во соопштението од МЗШВ.
Од теренскиот увид Комисиите ќе изготват записници, кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател.
Исплатата, како што информираат од Министерството, ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета.Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на ова Министерство, а во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии

Пронајдете не на следниве мрежи: