четврток, 12 ноември 2026
Најново

Земјоделците почнаа да ги фрлаат праските

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новиот министер за земјоделство Љупчо Николовски пред неколку најави дека новата влада ќе биде отворена за решавање на проблемите на земјоделците, а земјоделците почнаа да ги фрлаат своите плодови, поради тоа што немаат обезбеден пласман на пазарот.Новата Влада како свој голем успех го претстави исплаќањето на субвенциите, кои беа воведени од старата Влада и секогаш редовно исплаќани.
Најавите за подобрување на животот на земјоделците, очигледно не ги чувствуваат токму оние кои треба да ги чувствуваат, а тоа се земјоделците. Тие почнаа да ги фрлаат праските, поради тоа што не можат да ги продадат.
-Утре почнуваме пак, во исто време, на исто место, тука сè се собира. Никој ни го враќа, ни праски враќаме, се оди, вели еден од земјоделците.
Инаку СДСМ во својата владина програма најави намалување на поддршката на земјоделците, кои беа еден од главните приоритети на претходната Влада, која обезбедуваше рекордно високи субвенции за развој на оваа гранка во нашата држава.
-СДСМ на големо ветува ставка на субвенции за набавка на земјоделска механизација кои ќе се даваат од 30% до 50% поддршка за земјоделците. Но, ова веќе постои и се применува и под подобри услови и повисоки износи. Сега се загарантирани 50% за субвенции за набавка на земјоделска механизација, односно 55% за млади земјоделци, за земјоделци од неразвиени подрачја е 60% поддршка, а за жени земјоделци 65%. А во најновата програма “Реално” предвидовме почетната основа да биде 60% поддршка. Со предлогот на СДСМ значи дека практично поддршката на земјоделците за набавка на земјоделска механизација ќе се намали од сегашните почетни 50% на почетни 30%, како што предлагаат, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук на трети јуни.Новата Влада како свој голем успех го претстави исплаќањето на субвенциите, кои беа воведени од старата Влада и секогаш редовно исплаќани.

Поврзани вести