Земјоделците во Преспанскиот регион во последните години имаат добиено девет милиони евра субвенции. Само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета во Ресен, при што истакна дека процесот и натаму тече и дека државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, за луѓето што се занимаваат и живеат од овие култури и дека тоа ќе продолжи и во иднина.
– Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета во Ресен, при што истакна дека процесот и натаму тече и дека државата вод