Земјотрес од 5,3 степени: Се почувствува и во Македонија!

Северна Кореја соопшти дека извршила нуклеарна проба по која е регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала.Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички ракети.
Во соопштение објавено на државните медиуми се вели дека нуклеарната проба е извршена за да се спротивстави на „непријателствата на САД“. Телевизијата нагласи дека при нуклеарната проба нема регистрирана радијација и нема последици за животната средина.
Според владата на Јужна Кореја, ова е петта нуклеарна проба на Северна Кореја.
– Според нашите анализи, Северна Кореја извршила проба со нуклеарна бомба со моќност на експлозијата од околу 10 килотони – изјави претставник на јужнокорејското министерство за одбрана.
Тоа е најмоќната нуклеарна проба извршена од Пјонгјанг досега.
Потресот се почувстуввал и на Балканскиот полуостров, како и во Македонија. Од ИЗИС потврдија дека регистрирале потрес, но не излегола со прецизни информации. Потрес со помал интензитет регистрирале сите сеизмолошки опсерватории во земјите од регионот.Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички раке

Пронајдете не на следниве мрежи: