Земјотрес со интензите од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Тихиот Океан крај јужните брегови на Чиле.Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 15 километри под океанското дно, бил со епицентар на 225 километри југозападно од чилеанскиот крајбрежен град Пуерто Монт.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови во радиус од 1.000 километри од епицентарот на потресот.
Засега нема информации за жртви и предизвикани материјални штети.
Претходно денеска, како што јави ТАСС, земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер е регистиран и во северниот дел на Чиле, во близина на границата со Боливија.
Овој потрес бил на длабочина од 114 километри под површината на земјата, со епицентар 147 километри источно од градот Икике во северно Чиле.
И при овој земјотрес нема информации за жртви и предизвикани материјални штети.Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 15 километри под океанското дно, бил