Земјотрес со интензитет од 6,2 степени ја погоди Аргентина

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Аргентина, во близина на границата со Чиле, соопшти геофизичкиот институт на САД, пренесува ТАСС.Епицентарот се наоѓал на 27 километри од градот Чилесито и 82 километри северозападно од големиот град Ла Риоха, на длабочина од 101 километар.
Нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Претходно денеска, во истата област беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,7 степени.Епицентарот се наоѓал на 27 километри од градот Чилесито и 82 километри северозападно од големиот град Ла Риоха, на длабочина од 101 километар.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.