Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровсата скала, денеска ги протресе зградите во чилеанската престолнина Сантјаго и предизвика паника кај населението, но според властите, засега нема информации за евентуални штети, јавија светските агенции.Според чилеанската служба за вонредни ситуации, станува збор за „голем“ сеизмички настан што го зафатил регионот на престолнината и целиот централен дел на ова јужноамериканска земја.
Според американскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил на околу 45 километри североисточно од градот Талка и југоисточно од Сантјаго, а бил на длабочина од околу 90 километри.
Првично Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар јачината на потресот ја оцени со 6,1 степени, но подоцна центарот ја зголеми неговата првична оценка.
Командата на чилеанската военопоморска флота соопшти дека нема основаност да се очекува цунами долж чилеанското крајбрежје.Според чилеанската служба за вонредни ситуации, станува збор за „голем“ сеизмички настан што го зафатил регионот на престолнината и цел

Пронајдете не на следниве мрежи: