Земјотрес со магнитуда од 5,0 го погоди јужниот брег на Грција

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени по Рихтер во неделата го погоди Средоземјето во близина на југозападниот брег на Грција, соопшти референтниот американски Геофизички институт USGSЗасега нема известување за евентуални настрадани или материјални штети.Земјотресот се случил во 7,42 часот по македонско време, на 55 километри југозападно од крајбрежниот град Каламата на Пелопонез.Епицентарот е регистриран на околу 15 километри јужно од градот Метони на брегот од Јонското Море. Жариштето на подземниот удар е регистрирано на длабочина од 37 километри.Претходно во неделата недалеку од грчкиот остров Закинтос е регистриран земјотрес со магнитуда од 4,9, степени по Рихтер. Според првичните податоци нема пријавени повредени.
МакфаксЗемјотрес со магнитуда од 5,0 степени по Рихтер во неделата го погоди Средоземјето во близина на југозападниот брег на

Пронајдете не на следниве мрежи: