Мексико повторно погодено од силен земјотрес, повеќе од 200 лица загинати, многу исчезнати под рушевините.Бројот на загинати во разорниот земјотрес кој вчера го погоди југот на Мексико порасна на 248, меѓу кои има и 21 дете, соопштуваат денеска официјалните лица.
Во силниот потрес срушени се повеќе десетици згради, а повеќе илјади луѓе после земјотресот панично излегле на улиците, каде многумина пробувале да пронајдат преживеани во рушевините.
Градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Манцера кажа дека во тој град се срушиле 44 згради, додека при рушењето на едно училиште загинале најмалку 22 луѓе, а повеќе 30 се водат како исчезнати.Спасувачите ги пребаруваат рушевините од делимично срушени училишта ја југот на градот. Две девојчиња наводно останале заробени во рушевините и успеале да пратат порака на своите родители.
Луис Фелите Пуенте, шеф на Агенцијата за цивилна одбрана, кажа дека во државата Моралес загинале 55 луѓе. Пред само 11 дена земјотрес со магнитуда од 8,2 го погоди Мексико и однесе повеќе од 90 животи.
Бројот на загинати во разорниот земјотрес кој вчера го погоди југот на Мексико порасна на 248, меѓу кои има и 21 дете, соопштуваат денеска оф