Земјотресот почуствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер ноќеска околу 1,44 часот по бугарско време е почувствуван во Пловдив, Асеновград и Софија јавуваат бугарските медиуми.Епицентарот на земјотресот бил на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив на длабочина од 10 километри.
Некои граѓани кои се поблиску до епицентарот во Асеновград и околината пријавуваат дека доживеале интензивно и долготрајно тресење, а други почувствувале само силен удар. Засега не е пријавено дека имало материјална штета.
Според податоците на евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, овој земјотрес ја потресол северна Грција, а се почувствувал и во делови од Македонија.Епицентарот на земјотресот бил на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив на длабочина од 10 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: