Жена често посетувала солариум. Погледнете ШТО ѝ се случило!

Џуди Коуд (49), на социјалните мрежи сподели фотографии кои никого нема да остават рамнодушен.Имено, докторите од нејзиното тело отстраниле 23 точки од рак на кожа – од лицето, рамениците и нозете, а за тоа им платила повеќе од 27.000 долари.
Имала четири операции поради кои не била во состојба да јаде цврста храна, а две недели не можела да се движи.
Како што објаснила, фотографиите што ги споделила на социјалните мрежи се предупредување за долгото изложување на сонце, како и заминувањето во солариум.
„Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека ова може и ним да им се случи и дека потемниот тен не е вреден за умирање“ – порачала Џуди, која уште како тинејџерка сакала многу да се сонча, а тврди дека не претерувала со посетувањето на солариум.

Некои членови од нејзиното семејство веќе го имале овој проблем, но Џуди се надевала дека нејзе ќе ја заобиколи.
„Имав мала точка на лицето која крвареше и се појавуваше одново и одново. Никако не исчезнуваше“ – вели Џуди.
„Од многу луѓе слушнав дека се чувствуваат подобро по посета на солариум или откако со часови се печат на сонце. Погледнете ги фотографиите. Тоа би можеле да бидете вие. Секој може да добие рак, па дури и оној којшто има потемен тен“ – апелира Џуди.
Џуди има две ќерки, Кајли (26) и Криста (27). Најмногу поради нив апелира до младите девојки дека ракот на кожата не бира кого ќе нападне.
Имено, докторите од нејзиното тело отстраниле 23 точки од рак на кожа – од лицето, рамениците и нозете, а за тоа им платила повеќе од 27.000

Пронајдете не на следниве мрежи: