Енергијата која жената ја има во себе го привлекува мажот повеќе него ли со нејзините убави усни или долги нозе.
Кога за една жена се вели дека е убава, не се мисли само на цртите на лицето и бојата на очите. Тој збор е помоќен од било кој друг атрибут со кој можеме да опишеме една дама. Тоа е збор кој многу жени ги тера на разни пластични операции и диети.
Убавината е многу повеќе од физичкиот изглед, но иако не се знае јасно границата помеѓу убавите и секси провокативните жени, постојат одредени работи кои нив ги прави убави повеќе од било што друго.
1. Жените подобро ги дефинираат нивните страсти отколку изгледот
Жената која јасно ги дефинира своите страсти, работите кои ја опкружуваат, целта и посакувњето кон нешто, по убава е од било која убавица со најсовршените црти на лице. Енергијата која ја носи во себе привлекува мажи, повеќе него ли некоја со убави усни и долги нозе.
2. Убавата жена не ,,трча” по туѓото внимание, туку несвесно го добива
Привлечноста на убавата жена се гледа во тоа што не се труди да привлече нечие внимание и да биде центар на внимание на секој настан. Таа е самоуверена и скромна што остава впечаток на мистериозна дама, која со самото тоа привлекува повеќе внимание него ли било кој намерно испланиран и исфорсиран гест.
3. Она знае како да комуницира
Паметот е секси и промислените зборови можат да бидат најјак афродизијак. Жената која умее да се изразува и знае да комуницира, и во тоа да биде максимално природна, е всушност сон на секој маж.
4. Независна и самостојна
Жената која цврсто стои на своите нозе и на која не и треба потврда од други дека е достојна за нечие внимание, е пример за самоуверена жена. Самодовербата е клуч на вистинска убавина. На неа и треба љубов, а не маж позади кој би се сокрила.
5. Ја држи устата затворена
Не постои ништо интригантно од жена која не зборува на цел глас са своите лични проблеми и кои непотребните зборови ги задржува за себе. Мистериозноста е привлечна.
6. Се грижи за другите, а не само за себе
Има ли нешто полошо од самобендисана жена? Љубовта се крие во оние за кои се грижиме, понекогаш и повеќе отколку за себе.
7. Отворена е
Убавата жена не се огранишува себе си. Таа е отворена за нови идеи, личности и места. Нејзината убавина се гледа во отворениот ум и смелост за нови движења.
8. Има чиста душа
Убавата жена вас може да ве привлече со својата чиста душа и срце, а не со сјајната коса и добриот парфем. Она што таа го има во себе, ве тера да посакате секој момент да бидете покрај неа.
9. Го покажува своето право лице
Нема ништо лошо во препаратите за разубавување. Не значи дека ненашминканата жена е поубава од оние со makeup, но не треба шминката да ви биде маска за сокривање. Убавата жена се сминка поради себе, не се срами да излезе без шминка и не смета дека шминката е клуч на нејзината убавина.
10. Едноставно, убавата жена има нешто во себе
Тоа е нешто посебно што убавата жена го поседува, нешто што едноставно не знаете во која категорија да го класифицирате, нешто за што вистинскиот збор не постои.
Кога за една жена се вели дека е убава, не се мисли само на цртите на лицето и бојата на очите. Тој збор е помоќен од било кој друг атрибут со кој



