Поднесена е кривична пријава против лицето Ј.М. (64) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело “Телесна повреда при вршење семејно насилство“ предвидено и казниво по чл. 130/2 од КЗ на РМ.Имено, во март годинава, Б.В., син на оштетената со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84 годишна мајка која е болна од Паркинсонова болест и деменција и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом и средства за егзистенција.
На 21 овој месец околу 00:30 часот на улица ,,Димо Хаџи Димов“ од страна на Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка – оштетената Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот.
Откако го видел тоа, Б.В. се симнал на долниот кат и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Горепријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.
Пријавената е лишена од слобода и со неа е извршен службен разговор.
Имено, во март годинава, Б.В., син на оштетената со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84