Женско непознато лице починало во сообраќајна несреќа денес околу 12:10 часот.Од МВР за Курир велат дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар, автобус на ЈСП удрил во засега непознато лице.
Од добиените повреди жената починала на лице место, а смртта е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Полициски екипи се уште вршат увид на местото, по што ќе бидат познати повеќе детали.Од МВР за Курир велат дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар, автобус на ЈСП удрил во засега непознато лице.