Жена се жалела на болка во коленото, кога ја прегледале на ренген лекарите се шокирале

Лекарите од Јужна Кореја биле шокирани кога на ренгенската снимка виделе зошто 65 годишната жена ја болело коленото.Како што се покажало на снимката, таа во коленото имала стотина златни игли, кои се користат во акупунктурата- пишува “Dejli mejl”.
Се смета дека специјалистот за акупунктура, кој ја лечел жената, после дијагнозата со остеоартритис, намерно ги оставил иглите за да ја ублажи болката во коленото. Жената земала лекови но и понатаму чувствувала болка, па започнала со третманите со акупунктура, на кои одела еднаш неделно.

Терапијата со акупунктура подразбира користење на игли поради стимулирање на различни делови на телото, или олеснување на болката.
Лекарите сметаат дека, во овој случај на оваа Јужнокорејка, иглите и биле намерно оставени , за да и обезбедат постојана стимулација по завршетокот на третманот. Меѓутоа многу стручни лица сметаат дека оставањето на „туѓи тела“ во нечиј организам не е добро, бидејќи може да доведе до оток или инфекција.
И на лекарите им е тешко да ја дефинираат ренгенската снимка со иглите во коленото, а жената не може да оди на магнетна резонанца бидејќи со магнетниот скенер може да се дојде до поместување на илглите и да се оштети артеријата.Како што се покажало на снимката, таа во коленото имала стотина златни игли, кои се користат во акупунктурата- пишува “Dejli mejl”.

Пронајдете не на следниве мрежи: