Седумдесет и четири годишната Ќ.А. од Охрид вчера попладне била усмртена од автомобил на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Горенци.Од полицијата денес информираат дека непознато лице управувајќи автомобил БМВ со тетовски регистерски ознаки, според кажувањето на очевидец, удрил во жената и побегнал.
Охриѓанката починала на лице место, а смртта била контатирана од лекар од итна медицинска помош.
На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.Од полицијата денес информираат дека непознато лице управувајќи автомобил БМВ со тетовски регистерски ознаки, според кажувањето на очевидец, удрил