Жена внела онесвестен Сириец во автобус. Подоцна се случило нешто ПРЕКРАСНО!

Еден статус на Фејсбук го привлече вниманието на јавноста кога Драган Гулиќ пренесе трогателен призор на кој присуствувал еден негов познаник кој патувал со автобус во Белград.Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
„Автобус на пат за Белград застана на автобуската станица на едно наше погранично гратче. ТОКМУ СЕГА во автобусот влезе една локална жителка на која друштво ѝ правеше еден слаб младич и им се обрати на сите.
`Тој е бегалец од Сирија и го пронајдовме како во несвест лежи недалеку од една продавница. Изгледа дека колабираше поради глад. Му помогнавме и дознавме дека пешачи уште од Турција. Во Бугарија бил ограбен, веројатно и нападнат и ниту сам не знае како залутал и се нашол далеку од своите сонародници. Не знаеме како ја премина реката`.
Патниците слушаат како таа и останатите луѓе му помогнале, му дадоа малку храна, купија неколку маици, а потоа собраа пари и му купија карта за Белград. Тој е млад, видно уморен и како што вели – желен за сон. Го упатија кон седиштата при крај на автобусот, додека патниците сами почнаа да собираат пари и му ги дадоа за да му се најдат.
Билјана се вљуби во бегалец од Сирија: „Расплакано 5-годишно девојче ми го смени животот“
Автобусот тргна, во попладневните часови ќе стигне во Белград, а тој им мавташе на луѓето кои му помогнаа. Заспа и никој од патниците сѐ уште не го знае неговото име, ниту пак го знаат името на жената која го воведе, а можеби имињата сега не се важни… ниту е битно името на градот кадешто го пронајдоа… бидејќи – тој автобус го испратија луѓе и во него патуваат луѓе… Тие прекрасни луѓе од Србија! Нека им е среќен патот“ – напишал Гулиќ.
Гулиќ бил исконтактиран и потврдил дека настанот навистина се случил, но не сакал да открива повеќе детали за луѓето од автобусот бидејќи, како што рекол, не сакал да ги вовлече во некој законски проблем поради хуманиот гест.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
„Автобус на пат за Белград застана на автобуската станица на едно наше погранично гратче

Пронајдете не на следниве мрежи: