Некои полицајци користат оружје за да им помогнат на луѓето кои се во проблеми, додека други ги користат своите зборови. Сепак, постојат и такви кои се служат со поиновативни алатки- со своите гради.Полицајка од Колумбија го воодушеви светот кога надоила напуштено бебе кое е пронајдено во селото Санта Марта.
Жената која го пронашла бебето замотано во тепих рекла дека слушнала пригушено плачење. Веднаш ја повикала полицијата, а кога полицајката пристигнала, забележала дека бебето страда од хипотермија, дека има неколку гребаници и несанирана папочна врвца.
Забележала дека бебето е слабо, не можела да чека да стигне медицинската екипа и веднаш го надоила бебето на лице место, што му го спасило животот.
„Јас сум мајка од скоро и имам млеко. Ги препознав проблемите кои ова кутро мало суштество ги има и мислам дека секоја жена која има млеко би ја сторила истата работа во ваква ситуација“, рекла Уреа за локалните вести.
Бебето моментално е на безбедно место, поточно во Институт за заштита на семејства, каде ќе остане додека не биде посвоено.Полицајка од Колумбија го воодушеви светот кога надоила напуштено бебе кое е пронајдено во селото Санта Марта.
Жената која го пронашла бебе



