Човекот кој му нанесе најголемо зло на светот и кој е директно одговорен за смрта на повеќе милиони луѓе имал срце и знаел што е љубов.
Приказната на Адолф Хитлер и Ева Браун е кратка, трагична, но истоворемено и доста интересна. Ева Браун била повеќе од гупава плавуша која е заинтересирана само за читање на романтични книги и гледање филмови. Таа се решила да ја сподели својата судбина со Хитлер и да биде покрај него до самата смрт.
Нивната љубов започнува во 1929 година кога Ева има само 17 години. Шест години подоцна Ева пробала да се самоубие поради несогласувањата со Хитлер. Нивната врска била специфична, Хитлер имал голема доверба во неа, а таа неверојатно влијание врз него. Како што Хителр во една прилика рекол „Покрај моето куче Блонди, Госпоѓата Браун е единствената личност на која можам да сметам во секое време“. Некои историчари тврдат дека дел од најлошите злодела биле идеи токму на Ева Браун.
И покрај тврдењата на Хителр дека тој не може да стапи во брак бидејќи веќе е во врска со судбината на Германија, после долги години поминати со Ева тие стапуваат во брак.
На 28 Април 1945 година Ева и Хитлер сапуваат во брак, но нивинот брак ќе трае многу кратко. 36 часови подоцна откако ќе паднат во рацете на непријателот тие решаваат да си го одземат животот. Тука завршува оваа кратка и трагична љубовна приказна.
Ева Бранун била неверојатна жена во секоја смисла. Целиот свет е фасциниран од нејзината одлучност да го следи Хитлер до смрт. Околу оваа плавуша сеуште се останати отворени голем број на прашања. Дали таа навистина го сакаше „Монструмот“ ? Колку добро го познавала ? Дали имала храброст да му каже не, на Фирерот на кој целиот свет му се тресел. Ова се само дел од прашањата кои ќе останат тема на дебата уште многу години.
Како и да е, оваа љубовна приказна помеѓу Ева Браун и најзлобниот човек за кој знае човештовот е доказ дека и најголемиот монструм има срце и може да се заљуби. Човекот кој му нанесе најголемо зло на светот и кој е директно одговорен за смрта на повеќе милиони луѓе имал ср