Клара Маркус имала 30 години кога била заробена во Аушвиц во 1994 година таа била принудена да се соблече гола и да влезе во гасната комора – само таму немало повеќе гас.„Господ ме гледаше од небото тој ден“ вели Маркус, која наскоро ќе го прослави 101-от роденден, пренесуваат Central European News.
„Јас бев избрана на крајот од денот со поголема група на жени и ние бевме подготвени за влез во гасната комора“ – вели Маркус, која живее во северниот дел на Романија.
„Но кога тие не ставија внатре и сакаа да ни пуштат гас, сфатија дека нема повеќе гас“- вели таа. Еден од стражарите се пошегува дека тоа е нашиот среќен ден бидејќи тие само што убија многу луѓе и немаа повеќе гас за нас.“
Таа потоа успеала да избега од озлогласениот нацистички логор на смртта во јужниот дел на Полска, каде што беа убиени повеќе од еден милион луѓе.
„Откако се ослободив најдов начин да се вратам дома и да се грижам за моето семејство“- вели Маркус, но кога стигнала нив ги немало…
Антон Рохиан, владин претставник, дошол во нејзиниот дом за да го одбележи нејзиниот роденден на 1ви Јануари.
„Ти донесов букет цвеќе, шише шампањ и диплома за благодарност бидејќи успеа да се вратиш од Марамурес после се што помина“, рече Рохаин.
„Важно е да не заборавиме што се случи во минатото“-рече тој.
Бакнувајќи го романското знаме Маркус рече: Имав страшно искуство во мојот живот, но ова е еден прекрасен момент.“„Господ ме гледаше од небото тој ден“ вели Маркус, која наскоро ќе го прослави 101-от роденден, пренесуваат Central European News.



