Жените ги држел во ланци, ги хранел со живо месо и ги продавал за…

Четири жени кои Горан М. (52) викан Добрилин од Смедерево  ги приморувал на проституција  со  месеци јаделе живо месо и биле мачени и  врзувани  со ланци!Добрилин користејќи ја нивната тешка материјална  ситуација и  зависноста од дрога и алкохол ги  држел како животни и  на пријателите, со уцени и ќотек  ги продавал за неколку илјади динари по  Смедерево и околината. Извори од истрагата тврдат дека глетката во куќата била ужасна.
„Со месеци немале струја, биле полуголи, валкани и  гладни. Јаделе одмрзната храна, месо и зеленчук. Едната од нив која била наркоманка ја врзувал со ланци, им носел дрога и алкохол, по масите шетале мачки, тука вршеле и нужда. Тоа е глетката која ја затекнавме кога влеговме во куќата“, вели соговорникот од истрагата.
 Тој додава дека жените се на возраст од 20 до 40 години.
„Едната од нив која била најубава сакал да ја остави за себе и неа најмалку ја приморувал да се проституира. Обично ги носел во едно село кај Смедерево, чекал да го завршат сексуалниот однос, ги враќал, а сите пари ги земал за себе. Покрај тоа ги приморувал на секс со пијани клиенти, а кога ќе се спротивставеле  жестоко ги тепал  и ги казнувал.
Тарифата за орален секс била 1500 динари, а за калсичен однос 3000 динари . дневно земал и по неколку стотина евра. Тие го изјавиле сето ова откако  Горан М. бил уапсен“.
Три жени во меѓувреме се згрижени во  сигурни куќи, додека четвртата кажала дека останува да живее во истата куќа  бидејќи нема каде. Инаку, оваа страшна приказна била откриена случајно. Кога полицаец  донел покана за Горан да се јави на сослушување за сосема друго кривично дело, едната од нив го примила повикот.

 
„Ништо не му кажала на полицаецот, веројатно од страв, бидејќи мажот се криел во куќата, но на повратницата со пенкало напишала „помогнете“. Бидејќи во  куќата било  мрак бидејќи немало струја, полицаецот не видел венаш што  напишала жената. Но кога излегол, веднаш прочитал и во истиот момент ги повикал колегите. Тие влегле и во  куќата го пронашле Горан  сокриен во другата соба. Тие жени биле уплашени на смрт, почнале да плачат и да се тресат“, вели соговорникот.
Горан и од претходно ѝ бил познат на полицијата
„Има сериозно досие, кражби, разбојништва и  токму поради  едно од тие дела бил баран. Веднаш по апсењето пред три недели осомничен е за противправно лишување од слободна, а како што  почнало да се одмотува клопчето, и тоа пред се врз основа на изјавата на овие жени, на товар му  е ставено друго кривично дело- трговија со луѓе“.
Обвинетиот се брани дека не ги продавал за пари.
„При апсењето  не пружал отпор, а на сослушувањето се бранел дека тие доброволно стапувале во сексуален однос  и дека не ги приморувал на проституција “.
Инаку, сите жени потекнуваат од сиромашни семејства и  со потекло од смедеревскиот крај.Добрилин користејќи ја нивната тешка материјална  ситуација и  зависноста од дрога и алкохол ги  држел како животни и  на прија

Пронајдете не на следниве мрежи: