Водечкиот француски гинеколог Мишел Оден тврди дека на жените им се заканува опасност да ја изгубат способоста за раѓање по природен пат.Според пишувањето на британски Телеграф, 84-годишниот доктор истакнува дека раѓањето станало премногу условено од лекарства, до таа мера што жените наскоро нема да можат да се породат без нив.
Во својата книга „Дали ни се потребни бабици?“, Оден тврди дека породувањето денес во просек трае два и пол часа подолго отколку пред 50 години, и дека се поголем број жени се пораѓаат со помош на лекови и хирургија.
„За мене тоа е знак дека жените ја губат способноста за раѓање“, рекол францускиот гинеколог, додавајќи дека се помалку жени се пораѓаат по природен пат, а се повеќе со царски рез.
Оден посебно го критикуваше користењето на синтетички окситоцин кој, според него, ја намалува способноста на жените природно да го произведат тој хормон на природен начин. Хормонот окситоцин предизвикува контракции за време на породувањето и ја има главната улога во текот на доењето.
Оден стравува дека со еволуцијата би можело да дојде до исчезнување на физиолошки функции кои не се користат, и дека жените во иднина би престанале да произведуваат окситоцин.
„Уверен сум дека произвотството на природен окситоцин, хормонот на љубов од фундаментално значење за породувањето и поврзувањето, се повеќе слабее. Способноста за човечката способност за раѓање е во опасност“, заклучил Оден.Според пишувањето на британски Телеграф, 84-годишниот доктор истакнува дека раѓањето станало премногу условено од лекарства, до таа мера што жените



