Жените се посклони кон расправии на работното место со друга жена, отколку со колега, тврдат резултатите од едно истражување.Мажите и жените се подеднакво склони кон проблематични односи со колегите, но жените се тие кои почесто се караат меѓу себе.
Од друга страна, жените кои имале пријателки на работното место полесно ги решавале проблемите и не влегувале во кавги, покажала студијата објавена во списанието “Organization Science”.
Џенифер Мерлузи, професорка на Универзитетот во Вашингтон испитувала 145 вработени на највисоките позиции во менаџментот во две големи компании. Одговорите подразбирале дека жените се оние кои имале повеќе проблеми меѓу себе, за разлика од нивните машки колеги. Мерлузи истакнува дека познавањето на меѓусебните социјални односи на вработените може да помогне да се спречат потенцијалните кавги и проблеми на работното место.
Инаку, сосема спротивно на оваа студија, посебна студија објавена во списанието “INFORMS” покажала дека жените кои го истакнуваат своето деколте се многу подобри шефови бидејќи изгледаат помоќно.Мажите и жените се подеднакво склони кон проблематични односи со колегите, но жените се тие кои почесто се караат меѓу себе.
Од друга