Процентот на жени во АРМ е 8.7 отсто и е повисок од европскиот просек кој е околу 4 отсто, тие имаат подеднакво право на доброволно служење на воен рок како и студирање на Воената академија ако ги исполнуваат бараните критериуми.Со професионализацијата на АРМ, се воведе доброволното служење, за што мажите и жените имаат подеднакви можности да служат само ако ги исполнат критериумите. Просечно, 10 отсто изнесува бројот на жените кои доброволно служат воен рок, но интересот постојано се зголемува. Исти се условите и за Воената академија, ниту таму нема селекција.
Жените во АРМ се застапени и во Полкот за специјални операции, конкретно во Ренџерскиот баталјон кој важи за една од најдобро подготвените единици, како и во медицинските и санитетските единици, логистиката и финансиите.
Покрај тоа, голем број на жени офицери се наоѓаат и на клучни позиции во Здружената оперативна команда (ЗОК), како и во другите команди и штабови.
На почетокот жените во АРМ најчесто беа застапени во службите. Денеска се застапени во сите единици на АРМ и во борбените единици има жени. Жени има и во Полкот за специјални операции (ПсО), има во командите при штапските единици на полкот, во Ренџерскиот баталјон. Се уште нема жени во Баталјонот за специјални намени, но во ниеден закон или пропис не стои дека жените не можат да бидат кандидати или да конкурираат за прием да се пријават на селективен курс. Можат да станат дел и од таа единица доколку ги исполнат критериумите кои се бараат.
Жените од АРМ во изминатите десетина години рамо до рамо со своите машки колеги учествувале во меѓународните мировни мисии и конкретно во мисиите ИСАФ во Авганистан и АЛТЕА во Босна и Херцеговина (БиХ), каде што биле испратени околу 140 жени.Со професионализацијата на АРМ, се воведе доброволното служење, за што мажите и жените имаат подеднакви можности да служат само ако ги исполнат кри