Во овој хороскоп детално ви објаснуваме кои мажи треба да ги избегнувате, а со кои е пожелно да влезете во врска. Овен Вие и љубовта: За вас љубовта е страст и возбудување. Сакате да флертувате и речиси секогаш успевате да го освоите она момче што ќе го посакате затоа што не е возможно тој да одолее на вашиот шарм и духовитост. Тој во целост е маѓепсан од вашата желба да го имате и од сето она што сте посготвени да го направите за да му ја докажете вашата љубов. Проблем за романса: Премногу се потпирате на инстинктите и се обидувате со глава да туркате ѕид, наместо да направите мала пауза и да размислите за се’. Обично зажалувате поради вашата импулсивност, но не паѓате во депресија ако нештата не одат онака како што сте си замислиле. Вашата сродна душа: Момчињата ловци како што се стрелецот и лавот се најобар плен. Не се за вас: Сентименталниот рак ги разгорува вашите емоции, но не е за вас.
Бик Вие и љубовта: Моќниот бик е еден од најромантичните знаци во Зодијакот. Вие сонувате за совршен принц којшто ќе ве држи за рака и постојано ќе ви дава мали подароци. За возврат ќе ви биде задоволство да го разгалите. Вие не играте игри во љубовта, ниту ги сакате оние што играат. Трпението и одлучноста ви допуштаат да го чекате совршеното момче пред да трошите време на некоја безнадежна врска. Проблем за романса: Понекогаш сте премногу внимателни кога треба да го подарите вашето срце. Мора да се ослободите од вашите стравови и да и’ дадете шанса на љубовта за нешто да започнете. Вашата сродна душа: Момчињата во знакот риби се привлечни за вашата емотивна страна, но силните скорпии прават срцето да ви чука забрзано. Не е за вас: Од брборењето нема никакво фајде, а тоа е она што близнаците може да ви го понудат кога станува збор за љубовта.
Близнаци Вие и љубовта: Вие сте мајстор за флерт и каде и да се појавите зад вас оставате еден куп скршени машки срца. Вие не сакате да повредите никого, но момчињата едноставно се вљубуваат во начинот на кој што се смеете или на кој си играте со косата. Вие уживате да ги играте овие игри се додека не најдете некого покрај кого ќе сакате да се смирите. Проблем за романса: Потребен ви е простор – и оние што се лепат за вас како пијавици немаат шанси. Не сакате ниту љубоморни мажи, ниту пак мажи што сакаат да ве смират. Вашата сродна душа: Вас ве привлекува самостојната водолија, но за вас идеален е стрелецот затоа што ќе го сака вашиот авантуристички дух и затоа што е вистински мајстор за флерт, исто како вас! Не е за вас: Во целост ве привлекува изгледот на јарците, но тие незнаат како да се изборат со вашата независност.
Рак Вие и љубовта: Иако вашиот знак има клешти, вие во суштина сте доста емотивни. Вам ви е потребен некој што ќе сака да се гали исто како и вас, но во исто време и да ги почитува вашите старомодни стандарди. Важно ви е тој да им се допаѓа на вашите родители, затоа што сепак, за вас е најважно семејството. Вашиот идеален состанок со некое момче е кога ќе останете дома и ќе уживате во некој филм. Проблем за романса: Емоциите за вас се се’ на светот, и ниту едно момче несмее да го занемари фактот дека вас е мошне лесно да ве повредат. Кога тоа ќе се случи, вие се повлекувате во вашиот оклоп и страдате во тишина, со големо количество чоколада. Вашата сродна душа: Нежната страна на девицата ќе излезе на површина во ваше присуство. Не е за вас: Момчето во знакот водолија ќе знае да ви погледне во душата, но нема да биде нежен колку што ви е потребно.
Лав Вие и љубовта: Кралската лавица сака да биде главна во љубовта. Момчињата помалку се плашат од вашата самоувереност и независност додека да ве запознаат. Вистина е дека моќната кралица на дивината може да стане преплашено маче кога некој ќе и’ го скрши срцето. Длабоко во душата, вие сте маченце што сака само едно момче што ќе биде нејзино. Длабоко сте предадени и тоа го барате и од вашето момче. Проблем за романса: Понекогаш вашата величествена гордост може да се испречи пред вистинската љубов затоа што ви е тешко да признаете дека сте згрешиле.
Вашата сродна душа: Близнаците и стрелецот нудат возбудување, но покрај еден рак ќе се чувствувате сигурно и сакано. Не е за вас: Бегајте од критички настроените девици, кои што се плашат од вашата отворена самодоверба.
Девица Вие и љубовта: Срамежливата девица не од оние што прво љубат а потоа говорат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу вас и вашиот дневник. Вашиот љубовен стил е прво да го оставите да се прашува, а не да го направите првиот чекор или бесрамно да се фрлите врз некое момче. Вие не сакате да бидете мистериозни. Во суштина вие сте во целост отворени и искрени, штом ќе му дозволите некому да ви се приближи. Меѓутоа, пред тоа да се случи, тој ќе мора да ве импресионира со неговиот ум. Проблем за романса: Склони сте брзо да ги отпишувате момчињата, дури и по само еден разговор. Ќе бидете и понатаму пријател со нив, но ако не е супер интелегентен и ако не размислува брзо како вас, тој ќе замине во заборав. Вашата сродна душа: Вие го посакувате сензибилетот на јарецот. Не е за вас: Вас ве одбиваат луѓето што се мајстори за драма. Може ли да кажеме – лавови?
Вага Вие и љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да го привлечете баш оној тип на маж што го сакате, а потоа да направите тој безнадежно да се вљуби во вас. Ова не значи дека вие не сте пребирливи. Вашето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро исто како вас. Проблем за романса: Понекогаш сте повеќе вљубени во чувството на вљубеност, отколку во вашата посилна половина. Ова се случува затоа што вие сте идеалист и го гледате само она што сакате да го гледате кај вашето момче. Вашата сродна душа: Неможете да го игнорирате начинот на кој што овенот влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за вас, затоа што ракот ќе ве обожава како никој друг. Не е за вас: Водолијата размислува на сличен начин како вас, но не се пронаоѓа во вашата романтична страна.
Скорпија Вие и љубовта: Скорпијата не се плаши да се бори за љубовта. Штом некој ќе ви падне во очи, вие инстинктивно знаете што да кажете и што да направите за тој да ве посака. Всушност, вие сте толку добри во играта на заведување, така што тој си мисли дека тој ве брка вас. Вие секогаш ги држите конците во вашите раце. Емоциите ги држите заклучени се додека не сте сигурни дека можете да му верувате. А тогаш, тој нема да има можност да запознае поинтензивна љубов од вашата. Проблем за романса: Вашата љубомора се гледа на километар. Ако ви тргне од рака да ја чувате под клуч љубомората, вашиот сакан никогаш нема да ве напушти. Вашата сродна душа: Губите памет на риби и ракови. Не е за вас: Вам ви е потребно многу повеќе време и внимание од она што стрелецот може да ви го даде.
Стрелец Вие и љубовта: Кога станува збор за љубовта, вие сте опуштени. Момчињата губат разум заради вас, затоа што не ги заморувате и не драматизирате без потреба. Вие сакате личности што сакаат добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што вие ги почитувате нештата какви што се. Длабоко во вашето срце, копнеете за патувања, па често ве привлекуваат момчиња со егзотичен изглед или оние што потекнуваат од некои оддалечени места. Проблем за романса: Вашето срце без проблем скока од едно до друго момче, поради што често ве следи репутација на срцекршачка. Во суштина, вам може да ви се верува, но момчињата често се несигурни во вашата близина затоа што сте премногу отворени. Вашата сродна душа: Најдобро е да се држите до некое момче со слободен дух како што се водолиите или близнаците. Не е за вас: Момчето родено во знакот на рак е премногу чувствително за вас.
Јарец Вие и љубовта: За вас љубовта е мошне сериозна работа. Нема шанси да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Вие сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да впловите во некоја врска. Во вашите романси пријателите играат голема улога затоа што често ви доставуваат важни информации. Проблем за романса: Кога еднаш ќе воспоставите врска со некое момче, вие сте за љубов на долги патеки. За вас раскинувањето е речиси невозможно поради вашата верност и одлучноста врската да успее.
Вашата сродна душа: Бикот и девицата ве разбираат подобро од било кој друг. Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките типови како што се лавот и овенот.
Водолија Вие и љубовта: Вие сте независни. Најголемата грешка што некој може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Вие не сакате љубовта да управува со целиот ваш живот. Во петок навечер сакате да се гледате со него, но затоа во сабота излегувате со пријателките. Ако тоа не му одговара, тогаш ќе го заборавите. Исто така, потребно е тој да има самодоверба за да разбере дека вашето срце е доволно големо за да ги сака сите. Проблем за романса: Внимавајте премногу често да не ги одбивате, затоа што момчињата реченицата „Ќе разговараме подоцна“ ја прифаќаат само одреден број пати.
Вашата сродна душа: Момчето родено во знакот девица е добро за вас затоа што и тие сакаат да бидат слободни. Не е за вас: Лавот кој бара да ја обожавате дури и земјата по која што чекори не е добар за вас иако меѓу вас постои неверојатна хемија.
Риби Вие и љубовта: Астролошката божица во љубовта е најсреќна кога е вљубена – навистина вљубена. Вие сте романтичар кој што во целост верува во постоењето на сродните души. Всушност вие сте подготвени да ги превртите и небото и земјата за да ја најдете вашата сродна душа. Кога ќе го најдете совршеното момче, ќе бидете подготвени да направите се’ за него, но понекогаш грешите затоа што неговите потреби ги ставате пред сопствените. Проблем за романса: Вам ви е потребно чувствително момче, некое што ќе ги рабере вашите емоции. Ако не е на иста бранова должина како вас, вие емотивно се затворате и врската тоне во неразбирање и незадоволство. Вашата сродна душа: Ракот ја чувствува вашата болка и ја дели вашата радост подобро од било кој друг знак. Не е за вас: Егоцентричниот овен ужива во вашето внимание, но го искористува и вашето нежно срце. Овен Вие и љубовта: За вас љубовта е страст и возбудување. Сакате да флертувате и речиси секогаш успевате да го освоите она момче што ќе го посакат