Женски шовинист: Да или Не?

Стануваме неспособни да согледаме колку добри работи постојат околу нас. Се ограничуваме со мислите како: Сите мажи се исти, Никогаш нема да најдам маж кој ќе знае да ме сослуша, или мажите не знаат што е тоа љубов. Но, сте се запрашале ли себеси дали вие сте проблемот? Да, навистина постојат мажи со сите спротивни карактеристики од принцот на бел коњ, но исто така, постојат и жени кои не се чувствителни и емоционално отворени и не мора да значи дека тоа се машки особини. Сте се запрашале дали со негативниот пристап ги одбивате од себе сите шанси да сретнете маж со добри квалитети?Причини поради коишто стануваме женски шовинисти:
Ограничени верувања од детствотоАко во детството сте виделе или чуле за многу примери каде жените се оставени или повредени, тоа ви се врзува во глава и останува таму.
Влијанија од културата и општествотоАко општеството и целокупното опкружување, вклучувајќи го домашното воспитување, така влијаело врз вас, тогаш нормално дека нема да верувате во постоењето на чувствителни и разбрани мажи.
Негативно претходно искуствоПоради лошите искуства знаеме често да се ограничиме себеси и да изгубиме верба во среќна иднина. Ако сте се нашле во врска или минлива романса со човек кој не ги исполнил вашите критериуми, нешто што мора да запомните е дека не се сите исти.
Нели верувањето дека жените се оние кои се почувствителни, поразбрани и оние кои вистински сакаат, ги дискриминира мажите? Нели со таквите верувања сме нефер? Таквите верувања не прават женски шовинисти, а тоа и немаше да биде така опасно ако не ни го попречуваше целосно патот кон среќата. Кога верувате, кога сте убедени дека нештата се такви и ништо не може да ве разубеди, најчесто баш тоа и го наоѓате. Наместо постојано да собирате докази како мажите се бесчувствителни, обрнете внимание на оние кои се поинакви.Причини поради коишто стануваме женски шовинисти:
Ограничени верувања од детствотоАко во детството сте виделе или чу

Пронајдете не на следниве мрежи: