Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски побарал основното училиште „11 Октомври“ да одобри двајца наставници од одделенска настава да преминат во друго училиште. Ваквото барање на Жерновски предизвика негодување кај родителите чии деца учат во целодневна настава во ова училиште, по што денес на оваа тема одржаа вонреден Совет на родители.По завршување на советот, Горан Трбаков член на училишен одбор и претставник од Совет на родители истакна дека родителите имаат негодување околу барањето на градоначалникот, бидејќи како што вели голем број родители своите деца ги запишале во ова училиште токму поради тоа што има целодневна настава до петто одделение.
-Ние како членови на училишниот одбор моравме да ги информираме родители и едногласно се одлучи дека не е прифатливо тоа. Родителите ќе предложат на училишниот одбор да не се прифати предлогот. Сакаме да остане целодневната настава, барем за сите оние кои досега ги запишале децата, вклучувајќи ги родителите и од ваа учебна година. Доколку сакаат да има промени, не сме против тоа, но треба да ги информираат родителите наредната година кои ќе ги запишуваат децата дека ќе има целодневна настава само до трето одделение и тоа да биде избор на родителите, да не биде тоа нешто наметнато, вели Трбаков.
Родителите согласни, велат дека доколку не се прифати нивниот предлог од страна на училишниот одбор тие ќе преминат кон бојкот на наставата, а за случајот ќе ги информираат сите надлежни институции.
Тие сепак искажуваат уверување дека општината ќе изнајде начин и средства да финансира наставници кои ќе помогнат таму каде има повеќе деца, но нивната настава, како што велат, да остане како што е.
По завршување на советот, Горан Трбаков член на училишен одбор и претставник од Совет на родители истакна дека родителите имаат негодување околу ба