Со укинувањето на ДУП-овите во Центар на Трифун Костовски му се овозможуваат речиси 6000м2 во Градски парк.Со одлуката на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, за укинување на Деталниот урбанистички план од 13.09.2012 година се враќа во сила планот од 06.07.02004 година. Со ова Општина Центар го чести Трифун Костовски да го изгради огромниот објект Кермес во Градскиот парк.
Имено според познавачите, ова не е само урбанистичко прашање, туку се работи за гола политика. Градоначалникот Жерновски му овозможува на Трифун Костовски да гради огромен објект во самиот парк, само заради тоа што вториот ја поддржува неговата политика, ја брани Тиранската Платформа и сесрдно ги напаѓаше Македонците по потекло од Егејска Македонија.
Тие коментираат дека на овој начин СДСМ и Жерновски се договориле да ја имаат јавната и финансиска наклонетост на Трифун Костовски од која жртва ќе бидат македонските национални интереси, а и илјадници метри квадратни зеленило во Скопје.
Андреј Жерновски со укинување на планот во сила се враќа план со кој во централно градско подрачје се овозможува градба на објект со површина од 1050 м2 или бруто развиена површина од 3150 м2 и објект со висина од 8м со што треба дел од парк шумата да се исече.
Ова е главната причина зошто се поништуваат плановите. Со тоа паѓа во вода поранешната реторика на Жерновски кој креваше врева за исечени 5 дрва во близина на хотелот Бристол, за сега да дозволи уништување на илјадници метри квадратни зеленило во самиот Градски парк во централното градско подрачје на Скопје. Просторот кој во таква ситуација би го добил Трифун Костовски се протега безмалку на потегот од Ресторанот Езерце до споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната во Парк.
Дали се работи за политички-бизнис интерес, јавноста само може да претпоставува.Со одлуката на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, за укинување на Деталниот урбанистички план од 13.09.2012 година се враќа в