Жерновски ќе ја урива порта „Македонија“?!

Според британскиот весник „Фајненшел тајмс“, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ќе ја урива порта „Македонија“, но градоначалникот демантираше дека изјавил нешто такво.
 Според текстот на овој британски весник, градоначалникот Жерновски има во план да ја урне порта „Македонија“, а голем број од спомениците во Скопје да ги размести во помалите градови во Македонија. 
Новинарката на весникот, Кетрин Хоуп, во својата репортажа за „Скопје 2014“, интервјуирала повеќе соговорници меѓу кои и премиерот Никола Груевски, како и градоначалникот Жерновски. 
„Гласачите одлучија дека проектот „Скопје 2014“ е прескап и во право се. Ние се соочивме со огромни трошоци кои не можеме да си ги дозволиме и не знаеме каде се потрошија тие пари“, стои во напишаната изјава на Жерновски. Жерновски вели дека ќе ангажира меѓународен ревизор за да го преиспита проектот.
На ова Жерновски демантираше дека некогаш изјавил дека ќе ја урива порта „Македонија“. 
„Во ниту една пригода, интервју или настан немам споменато уривање на кои и да било споменици, па ниту на портата „Македонија“. Точно е дека за иднината на спомениците и нивната локација ќе ги прашаме граѓаните, истите оние граѓани што претходното раководство не ги праша дали сакаат толку пари да бидат потрошени за скапите споменици и фонтани од проектот „Скопје 2014“, изјави градоначалникот на Центар за „Дневник“. 
Останува да видиме дали британскиот весник бил во право и дали набрзо ќе биде срамнета портата „Македонија“.Според текстот на овој британски весник, градоначалникот Жерновски има во план да ја урне порта „Македонија“, а голем број од споменици

Пронајдете не на следниве мрежи: