Жерновски преспа цели 4 години од својот мандат и сега повторно ги залажува граѓаните

Неработникот кој се преставува како вреден градоначалник на Центар, Андреј Жерновски преспа цели 4 години од својот мандат, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општината.Цело време се вадеше, мачкаше очи на граѓаните и така потроши цел мандат.
Сега веќе откако му истече мандатот, повторно ги залажува граѓаните дека ќе гради спортска сала во Градски парк.
Да имаше сериозна намера да ја гради салата, Жерновски ќе го стореше тоа во текот на мандатот, наместо да расфрла пари за журки кои никогаш не се одржаа.
Жерновски знае дека на граѓаните им е доста од него и затоа брза на крај на мандатот да ветува се и сешто, заобиколувајќи ги сите процедури.
Имено Жерновски сака да прави спортска сала без да направи измена на Деталниот урбанистички план и да зафати простор кој е во сопственост на приватна фирма и за кој во постоечкиот ДУП е предвидено изградба на Катна Гаража
Ова е само уште едно непознавање на процедурите и законите кое го манифестира Жерновски, а целата нетранспарентност во која се води проектот остава сомнеж за можна злоупотреба.
Јасно е веќе дека ваквиот проект кој Жерновски го најавува на крајот од својот мандат не е ништо друго туку нова лага која им ја продава на граѓаните на Центар – исто како и ветените нереализирани проекти и тоа:
одржување на лифтовите во колективните станбени згради,
обезбедување функционални противпожарни апарати во влезовите во колективните станбени згради,
надворешно осветлување на влезовите во колективните станбени згради,
осветлување на поголемите паркинзи во општината,
обезбедување на видео надзор на поголемите паркинзи во општината,
изградба на безбедни училишни премини на сообраќајниците во непосредна близина на градинките и училиштата,
обезбедување на персонал за безбедно преминување на учениците и нивните родиели во соодветните термини пред почетокот и по завршетокот на наставата – на сообраќајниците во непосредна близина на градинките и основните училишта,
енергетско ефикасни фасади на сите училишта и градинки,
замена на прозорците во сите градинки и училишта,
набавка и монтажа на соларни панели за сите детски градинки.
Релизација на овие ветени проекти пред 4 години гледаме дека е еднакво на една голема НУЛА.
Сега Жерновски и покрај својата неуспешност која сите ја видоа најавува нови проекти кои ниту има знаење, ниту има способност да ги направи.
Доцна е.
Граѓаните на Центар ја видоа неговата мрзеливост и неспособност.
Цело време се вадеше, мачкаше очи на граѓаните и така потроши цел мандат.
Сега веќе откако му истече мандатот, повторно ги залажува граѓани

Пронајдете не на следниве мрежи: