Жерновски сееше лаги за Самсоненко, а сега прв оттрча да се слика со трофејот на Вардар

Новинарот Љупчо Златев на својот Фејсбук профил напиша дека некои луѓе едноставно немаат образ и чест, а таков е примерот со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.Некои луѓе едноставно немаат образ и чест. Таков е примерот со Андреј Жерновски, напиша на Фејсбук новинарот Љупчо Златев.
Ова човече, кога стана градоначалник на Општина Центар го обвини сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко дека криминално купил парцела во близина на градскиот стадион на која се изгради центарот за тренинг на младинската школа на Вардар, кој може да го видите и изгледа светски. Многу млади таленти се обликуваат таму.
Се сеќавам, како да беше вчера, кога Жерновски сееше лаги на прес конференција за поврзаност на Самсоненко со власта, која наводно му ја дала парцелата за многу ниска цена, иако тој беше единствен кој учествуваше на јавното надавање и целата постапка беше јавна и транспарентна. Самсоненко тогаш му одговори со стил: Најди друг кој како мене ќе вложи 2.5 милиони евра во нешто што не носи профит и јас ќе се повлечам.
Денес Жерновски прв оттрча да се слика со трофејот на Вардар. Да имаше барем малку доблест да се извини за лагите? Зарем не е срамота вака да пробува да украде дел од славата на тимот и сопственикот кои ги кочеше и клеветеше во нивните залагања да дојдат до успехот до кој дојдоа денес.
Пред три години, кога Самсоненко на јавна аукција купи локација позади Источната трибина за да изгради младински тренинг центар, Жерновски држеше прес пред Арената „Филип Втори“ плукајќи дека Груевски и Самсоненко се договориле газдата на Вардар евтино да ја купи локацијата и да градат заедно згради наместо младински тренинг камп.
Инаку, Жерновски свесно лажеше, знаејќи дека никој друг не се јавил на аукцијата иако беше слободно за секој и токму затоа беше поевтино земјиштето. Знаеше и дека во ДУП е предвидено исклучиво спортско игралиште и дека не може да се градат згради.

Жерновски во изјавата тогаш рече дека Самсоненко и Владата направиле криминоген договор.
-Општина Центар донесе едногласна одлука уште пред една година, без разлика на партиската припадност на општинските советници со која се бара враќање во владение на градежното земјиште на општината. Цела една година очекуваме одговор од Министерството за транспорт и врски, но сега одговорот е јасен. Оние од власта, кои што се претставуваат како патриоти и домаќини, ја продадоа атрактивната парцела меѓу арената Филип Втори и Паркот на Франкофонијата за 40 евра по метар квадратен. Продавање на атрактивна земја за 40 евра е криминогено и безмилосно раскрчмување на атрактивно земјиште. Од првичните 2420 денари, со наддавање почетната цена е зголемена замислете „за цели 220 денари“. Повторно Владата го продава она што не е во нејзина приватна сопственост. Ние немаме против спортски активности, но секако имаме против раскрчмување на земјиштето, рече тогаш Жерновски.
Во меѓувреме, тренинг кампот на ФК Вардар е изграден и функционира со стотици млади деца и родители кои ги чекаат, РК Вардар стана европски шампион, а Жерновски седи во „Радисон Блу“ во Келн и без срам чека да се слика со шампионите.Некои луѓе едноставно немаат образ и чест. Таков е примерот со Андреј Жерновски, напиша на Фејсбук новинарот Љупчо Златев.
Ова човече, кога

Пронајдете не на следниве мрежи: