Пред општина Центар и понатаму се собираат граѓани кои се гневни на градонаќалникот Жерновски кој изјави дека црквата нема да се руши, а сеуште се одржува седницата во која треба да се донесе конечната одлука за ова прашање.
„Кога тој вели дека црквата нема да се урива, јавноста треба да знае дека тој лаже. Имено, Жерновски инсистира противзаконски и противуставно да се укине ДУПОТ во која е предвидена црквата СВ Елена и Константин и да се врати во правна сила стариот ДУП во кој што црквата не е предвидена“, велат од Веритас.
Граѓаните сметаат дека градоначалникот Жерновски излажа кога изјави дека не планира да се руши црквата Св. Константин и Елена.
Бидејќи во стариот ДУП ја нема предвидено црквата СВ Елена и Константин по неговото усвојување црквата ќе се третира како дивоградба и таа ќе биде срушена, додаваат граѓаните.
Ова го потврдува документацијата во која се наведува дека ќе се менува Деталноурбанистичкиот план и фактот што Жерновски ја продолжи ваквата спорна седница. Документација потврдува дека со измените кои ги посакува Жерновски треба да се врати тревната површина, а доколку се знае дека единствената тревна површина од парцелите е местото на кое се гради Црквата, тогаш зборовите на Жерновски се контрадикторни на она што го пишува во документите.
Дополнително, граѓаните не веруваат на изјавата на Жерновски поради и фактот што веќе еднаш не го исполни тоа што го вети. За време на предизборната кампања, Жерновски вети дека веднаш откако ќе дојде на власт ќе започне со изградба на основно училиште и градинка во Центар, но ваквите негови зборови излегоа невистинити, откако на јавноста и стана јасно дека тој ги закочи средствата за реализација на овие ветувања, со образложение дека општинската каса е празна, иако најде пари за други работи кои се од помала важност за граѓаните. Пред општина Центар и понатаму се собираат граѓани кои се гневни на градонаќалникот Жерновски кој изјави дека цр
Пронајдете не на следниве мрежи: