Состојбите со улиците во Центар стануваат загрижувачки, после секој паднат снег, вели во денешната изјава Јордан Ристески советник во општина Центар.
Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Ристески
Сите се загрижени, освен мрзливиот градоначалник Андреј Жерновски.
Нему очигледно ништо не може да му го расипе зимувањето во елитните хотели и рекреативни центри во Бугарија, ниту комуналните проблеми на Општина Центар, ниту проблемите со неисчистениот снег на улиците под надлежност на неговата општина, ниту скандалозните трошења на пари од буџетот на општината.
Додека граѓаните во Општина Центар се соочуваат со се поголеми проблеми му порачуваме на мрзливиот градоначалник Жерновски кој ужива на чист воздух во Боровец:
Дојди врати се во својата Општина, тука има доволно снег да се скијаш на улица, или да се лизгаш на мраз. Ако ти е до ски скокалници отиди во повисоките делови од Општина Центар, таму има колку што ти душа сака.
Доколку Општина Центар не трошеше 1,2 милиони евра за преуредување на две улички во вкупна должина од 370 метри, можеше подготвена да го пречека снегот во зима.
Доколку Општина Центар и мрзливиот Жерновски не трошеа залудно пари на тамбураши и диџеи ќе ги исчистеа улиците и немаше да го претворат одењето низ Центар во екстремен спорт.
Граѓаните на Центар ја видоа несериозноста и неодговорноста на мрзливиот Жерновски.
Граѓаните на Центар на дело ја гледаат неспособноста на градоначалникот Центар да се справи со нивните потреби и проблеми.Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Ристески
Сите се загрижени, освен мрзливиот градоначалник Андреј Жерновски.