Тестисите се чувствителен дел на машкиот репродуктивен систем и сите мажи се согласуваат со едно- со нив треба внимателно.Можеби помисливте дека пенисот е најчувствителен дел од телото на секој маж, но тие ќе ви признаат дека таа титула сепак ја заслужуваат тестисите. Не сакаат кога жените потполно ги игнорираат за време на интимниот однос, но исто така имаат и строги упатства за приближување кон оваа потенцијална зона на задоволство.
Во продолжение прочитајте каков вид на акција мажите не сакаат таму долу и на што треба да внимавате при третирање на тестисите:
1.Повлекување. Тестисите никогаш не треба да ги третирате како пенисот. Можеби мислите дека тоа е секси потег, но повеќето мажи не го сакаат тоа.
2.Удирање. никогаш и никако бидејќи тоа предизвикува болка која нашите алфа мажјаци не ја поднесуваат добро.
3.Силно стискање. Можеби изгледаат како мини анти- стрес топчиња, но сепак не се тоа. Во обѕир доаѓа само најнежен допир.
4.Гризање без најава. Многу мажи ги пали чувството на грицкање, но ретки се тие кои сакат да го почувствуваат без најава.
5. Претерано шмукање. Како што претходно споменавме, пенисот и тестисите не треба да се третираат на ист начин. Поточно, пенисот поднесува поинтензивни движења и потези. Повеќето мажи сакаат за време на орален секс малку да си поиграте и со нивните тестиси, но притоа да бидете нежни.
Дозволен е само нежен притисок и што е можно помалку нагли движења. Некои уживаат во шмукањето додека на други им одговара само благо голицкање со јазикот.
Разговарајте отворено со своите партнери за тоа што му одговара бидејќи така најлесно и најбрзо ќе воспоставите интимен однос полн со доверба и задоволство. Секако, немојте да заборавите и на своите потреби и објаснете му што сакате.
Взаемното и рамномерното пружање на задоволство е клуч на добриот сексуален живот.Можеби помисливте дека пенисот е најчувствителен дел од телото на секој маж, но тие ќе ви признаат дека таа титула се