Откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како поранешниот министер и кандидат на СДСМ за претседател, Љубомир Фрчкоски му удира шамар на младо момче, стигна осуда од негови колеги, универзитетски професори и јавни личности. Само мегафонот на СДСМ/Сорос Бранко Героски, застана во негова одбрана.-Погледнете како Фрчкоски дисциплинира вмровчиња, напиша Героски.
Инаку, Љубомир Фрчкоски, кој што е дологогодишен функционер на СДСМ и професор на Правниот факултет се гледа како на видео снимка физички напаѓа млад човек поради изразено мислење.
Тројца млади луѓе го прашуваат пред еден од влезовите на правниот факултет со зборовите “дали му е срам што има такви ставови против унитарноста на државата”, на што овој возраќа со тупаници по едниот од младите луѓе.
Дополнително професорот Фрчкоски во стилот на локален силеџија со погрдни зборови им се обраќа ”пичкави материна вмровска”, ”маму ти ебам”,…
За разлика од Героски кој пропагира насилство и вели дека Фрчкоски не тепал деца, туку делел воспитни на вмровчиња, тој доби жестока осуда на социјалните мрежи.
-Оваа видео снимка одушевува мнозина и од Фркоски прави цар – и веројатно пример! Да, навистина се гледа дека двајца млади луѓе го следат и му приоѓаат на паркингот, но овде е професорот оној кој напаѓа физички на дофрлање и пцуе мајка вмровска. Фрчковизацијата започна како „литературен стил“, па од вербално насилство се претвори во физички пресметки (човеков е искусен кога станува збор за шлаканици). Немојте да ми кажувате дека се чувствувал загрозен – ако било така, ќе влезел во возилото, ќе повикал полиција на телефон и ќе заминел. Тој се пресметал – и ако вчера Плусинфо го фалеше за „педагошка шлаканица“ сега пишува за „дисциплинирање вмровчиња“. Побогу, универзитетски професор е, а во предачните сигурно му седат и вмровчиња, меѓу другите! Слична работа синоќа му се случила на Борис Дамовски, додуша девојки биле, а тој не врзал шлаканица, напиша универзитетската професорка, Билјана Ванковска..
-Не ми е јасна оваа глорификација на „лупање шамари“ макар и во самоодбрана? Се борди… Што?.. Да вежбаме „лупање шамари“? Ако побрз е со пиштоли пукање, да вежбаме „кој е побрз“? Тоа е спасот? Секогаш од најбрзиот имало побрз… Уште од Дивиот Запад, па до Балканот, како најзападен, напиша актерот Јовица Михајловски.
-Погледнете како Фрчкоски дисциплинира вмровчиња, напиша Героски.
Инаку, Љубомир Фрчкоски, кој што е дологогодишен функционер на СДСМ и про