Сметам дека односите помеѓу Република Македонија и Бугарија ако се потпише овој договор нема да се подобрат, напротив ќе се влошат уште повеќе и тоа што се градело со децении наназад за подобрување на односите помеѓу двете држави преку ноќ се се сруши, вели професорот по историја Никола Жежов во вестите на Алфа.-Најпроблематичен дел според мене е тоа што во овие моменти се политизира историската наука и длабокото навлегување на политиката во науката е секако штетно и од секогаш било штетно. Тоа што сме го говореле ние со нашите колеги историчари од Бугарија останува поврзано со историјата, ние многупати со нив сме имале различни мислења по суштински прашања, меѓутоа тоа не не спречувало да седнеме и да разговараме со научни факти. И доколку сега политиката се вмеша во научниот дел ќе биде многу штетно и ќе биде погубно, порача Жежов.
Тој истакна и дека доколку се прифател членот за заедничка историја на двете држави ќе се исечат корените на македонскиот идентитет и тогаш ќе излезе дека Македонците ја признаваат тезата дека се настанати како вештачка нација.
-Македонскиот народ и бугарскиот се два различни народи, имаат сличности во одредени делови, но тие се различни и не можеме да зборуваме за заедничка историја за време на Илинденското востание, за време на Втората светска војна, што ќе славиме ние кога во Втората светска војна поголемиот дел од Македонија била под бугарска окупација. Ниту еден Бугарски војник не дојде во Македонија да помогне околу Илинденското востание-Најпроблематичен дел според мене е тоа што во овие моменти се политизира историската наука и длабокото навлегување на политиката во науката е сека