Македонскиот и бугарскиот народ се два различни народи, изјави историчарот Никола Жежов во ОКО на ТВ НОВА.„Етногенезата на македонскиот народ се разликува од таа на бугарскиот народ. Постоењето на македонската нација е историски факт и тоа не може да го негира никој. Проблемот е комплексен. Пристапот на бугарските историчари и нашиот е различен. Сме разговарале на различни конференции на овие теми и нашите ставови по овие прашања се разликувале, но сме ги почитувале разликите“, истака Жежов притоа споменувајќи бројни имиња од историјата кои рекле дека Македонскиот народ е народ различен од Бугарскиот, Српскиот или било кој друг народ.
„Македонската историска наука е една од ретките ако не и единствена на Балканот што не поттикнува национална омраза, шовинизам, или негирање на други народи. Македонските историчари за време на 90-те години во крвавите конфликти со ништо не го поттикнуваа македонскоит народ и останатите националности во Македонија да учествуваат во расплинување на страсти за избивање на граѓанска војна“, изјави Жежов.
Тој вели дека науката треба да си остане наука и не треба да влезе во служба на политиката.
„Оној момент кога политиката ќе се вмеша и ќе стане инструмент за злоупотреба на историјата доаѓа до искривување на фактите“, изјави Жежов.„Етногенезата на македонскиот народ се разликува од таа на бугарскиот народ. Постоењето на македонската нација е историски факт и тоа не може