Бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август лани бележи намалување за 1,1 проценти, додека во периодот јануари- август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, бележи раст од 0,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август бројот на работници бележи пораст од 1,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1 процент, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто, Капитални производи за 8,2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто.Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август бројот на работници бележи пораст од 1,7 отсто, во секторот Прера