Зголемен интересот за ин витро – доделен 1200-тиот ваучер за 2016 година за прво дете

Фондот за здравствено осигурување го додели 1200-тиот ваучер за ин витро  оплодување за прво дете за оваа година. До крајот на 2016 година се очекува таа бројка да се зголеми и бројот на ин витра во однос на мината година да биде зголемен за 20%. Постапката за ин витро како право, за прв пат е овозможена на товар на Фонд во 2008 година.Директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски истакна дека трендот на зголемување на бројот на ваучери за ин витро се должи на низата мерки воведени од страна на ФЗОМ и државата.
Тој посочи дека на товар на Фондот веќе се овозможуваат инвитра и за второ, трето и четврвро дете. А големо  олеснување за осигуреничките се и законските измени од 13.11.2015 година со кои тие се ослободени од плаќање на  партиципацијата која изнесуваше 6.000 денари за користење здравствени услуги во постапките на ин витро за добивање  прво, второ, трето и четврто дете и од тогаш таа е на товар на Фондот.
-Со сите наши расположливи капацитети, ја реализираме нашата цел  да им излеземе во пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Досега Фондот, откако е воведен овој проект од 2008 година, доделил 9640 ваучери за ин витро. Визијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се задоволни осигуреници, така што нашите заложби се и на планот на ин витро да работиме уште понапорно и да им овозможиме на осигурениците кои по природен пат не можат да добијат дете, својот животен сон да го остварат преку методот на ин витро, посочи Стефановски.
Бројот на одобрени ваучери е зголемен и за второ дете и трето дете . Само до сега за оваа година се  одобрени 146 ваучери за второ дете и 5 ваучери за трето дете.
Средствата кои Фондот ги исплатил за остварување на правото на ин витро од 2010 до 2015 се 387 милиони 465 илјади денари.
Бројките за овој проект на Владата се во нагорна линија од година во година и тоа: во 2013 година, од 1075 барања за ин витро со комплетна документација, Фондот позитивно решил 1039 барања. За 2014 година, од 1166 барања со комплетна медицинска документација, Фондот позитивно решил 1060. Во 2015 година, од 1598 нови барања, позитивно се решени 1341, а за 2016 година, заклучно со 01.11. од вкупно 1528 нови барања, Фондот позитивно решил 1351 барање.
Стефановски посочи дека за високиот процент на ин витро постапката влијае и тоа што осигурениците побрзо се одлучуваат за оваа интервенција, затоа што надоместокот кој го покрива Фондот за ин витрото е стилмулативен, за разлика од други здравствени системи каде оваа интервенција не секогаш е на товар на државата.
Орхан Рамадани, директор на ФЗОМ истакна дека бројот на предмети со некомплетна медицинска документација бележи драстичен пад во 2015 година, што пред се, се должи на зголемената информираност на осигурениците, поголемата едукација на матичните гинеколози како и електронското поднесување на барањата за ин витро.
-Голем удел за намалување на дополнителните медицински испитувања има и воведувањето на електронските барања од страна на матичниот гинеколог, кои се 50% од ново поднесените барања по воведување на оваа можност во април 2015 година. Со електронското поднесување се има јасен увид на потребните документи кои треба да се поднесат и затоа овој број на некомплетни медицински документи е намален, рече Рамадани.Директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски истакна дека трендот на зголемување на бројот на ваучери за ин витро се должи на низата мерки воведени од стран

Пронајдете не на следниве мрежи: