Будно се следи состојбата со водотеците во Општина Ресен, кои во моментов бележат зголемување на висината на водениот столб од врнежите кои изминативе два дена го зафатија преспанскиот регион, но сѐ уште не постои директна закана за нивно излевање, беше заклучено на денешниот состанок на општинскиот Кризен штаб.На состанокот со кој раководеше градоначалникот Ѓоко Стрезовски присуствуваа претставници од Советот на општина Ресен, Црвениот крст – Ресен, Територијалната против пожарна единица, Центарот за управување со кризи, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за јавно здравје, Јавното комунално претпријатие „Пролетер“, јавните претпријатија „Македонија пат“ и „Македонски шуми“, Националниот парк „Пелистер“…
– Доколку има потреба расположливата механизација е подготвена да интервенира на веќе евидентирани критични точки во Општина Ресен. Поради обилните врнежи на одредени улици одводната мрежа не е во состојба да ја прими целосно атмосферската вода и ТППЕ – Ресен и ЈКП „Пролетер“ се задолжени да интервенираат на критичните места, истакна градоначалникот Стрезовски по состанокот.
Поради зголемените врнежи Центарот за јавно здравје апелира водата од селските водоводи, кои не се дел од водоснабдителниот систем на ЈКП „Пролетер“ да не ја користат за пиење или доколку ја користат претходно да ја превриваат 15-20 минути. За технички потреби оваа вода може да се користи. Според претставниците од Центарот за јавно здравје, водата од градскиот водовод е во исправна состојба и може да се користи за пиење и други потреби.
Службите од НП „Пелистер“ беа задолжени да ја следат состојбата со водостојот на акумулацијата на Макази и да се интервенира доколку дојде до опасност од излевање.На состанокот со кој раководеше градоначалникот Ѓоко Стрезовски присуствуваа претставници од Советот на општина Ресен, Црвениот крст – Ресен,