Еве 10 од најинтересните цитати на Фројд, кои дефинитивно ќе ве поттикнат на размислување, но и ќе ви бидат интересни.Еден од најконтроверзните научници на 20 век е оној кој студентите по психологија од целиот свет нагалено го нарекуваат „Дедо Фројд“.
Во текот на неговиот живот, некои го сметале за шарлатан, додека пак други, за генијалец. Коко Шанел го нарече прв маж феминист, а две од неговите откритија го овековечија неговото име. Тоа се откривањето на мистеријата на човечкиот сон и „наоѓањето“ на клучот за потсвеста.
Еве 10 од неговите најинтересни цитати, што сигурно ќе ве поттикнат на размислување, но и ќе ви бидат многу интересни:
1.Големината на вашиот идентитет се одредува според големината на проблемите што се во состојба да ве извадат од такт.
2.Пред самите да дијагностицирате дека сте во депресија и дека имате ниско ниво на самодоверба, морате прво да бидете сигурни дека не сте опкружени со идиоти.
3.Никогаш не сме толку ранливи како кога сакаме, и толку безнадежно несреќни како тогаш кога ја губиме љубовта.
4.Луѓето се поморални отколку што самите мислат, но се и многу понеморални отколку што можат да замислат.
5.Секој нормален човек, всушност, е само делумно нормален.
6.Ако некому сте му простиле се, значи дека засекогаш сте расчистиле со него.
7.Човекот може да се одбрани од се, но пред пофалбите останува беспомошен.
8.Повеќе се стремиме да ја избегнеме болката отколку да ја пронајдеме радоста.
9.Кога човекот ќе почне да се сомнева во својот живот и во својата вредност, станува болен.
10.Најголемото прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не сум бил способен да одговорам, во целото мое триесетгодишно истражување на женската психа, гласи: ШТО САКААТ ЖЕНИТЕ?!Еден од најконтроверзните научници на 20 век е оној кој студентите по психологија од целиот свет нагалено го нарекуваат „Дедо Фројд“.



