Лино Чевар убаво предупреди дека во моментите на слава дека е девица и дека е чувствителен на се. Но колку и да е интелегентен и снаодлив, тренерскиот шампион од Умаг, потиштеноста и чувството на пораз не можеше да го сокрие…Тоа нешто што е во човечката психа, тоа ни најстариот лисец како него не може да го сокрие, бидејќи во тие моменти на човек „на челото му пишува“ како се чувствува.
Доживеаа голем пораз. Кога победувате победник, некој за кого знаете дека е моментално на подот, но дека ќе ја испружи ногата кад- тад, уживате уште повеќе, со насмевка гледате како се дави во сопствената немоќ! А од страна сите сакаа да го видат Лино во шах- мат позиција!
Таквите работи просто не се случуваат. „Го скува“ Пасквал во Барселона, го растури на парчиња, му покажа кај му е местото, што би рекле лошите јазици, но Лино не би бил Лино кога замките не би ги поставил одма. Целата сила на тренерскиот тим на Червар е во тоа што работата во „Блаугран“ сеуште не била завршена, а тој веќе знаел што треба да направи во Скопје.
Со таквиот пристап, започнале да се раѓаат играчи во Скопје. Пардон, не се родени тие такви, направени се! До пред две- три години, верувам дека ни самиот Чевар ни на своите пријатели не можел да им каже дека има десно крило кое го нарекуваат „Џомба“. Дали тоа била некаква пародија? Ако била, сега веќе не е.
Кога Червар би можел да трча по теренот тоа сигурно би го правел во телото на Филип Миркуловски. На боксерските подливи и хематоми на тоа момче се одликува една голема и моќна сила- Металург!
Металург кој станува шампион. Тимот поради чија победа и Балканскиот ракомет е во опасност! Никој не знае да „ги сруши“ противниците како што знае тимот од „Автокомада“.
Целиот парадокс е дека најголемата победа во историјата на македонскиот ракомет никогаш помалку немала значење. Ваквата победа, меѓутоа има непроценлива вредност. Нив не ги гледате на табели, не ги мерите со бодови. Тoе начинот да „ го поминете наредниот левел“ , да го зајакнете карактерот и да сфатите дека во животот се е можно.
И, можно е…Тоа нешто што е во човечката психа, тоа ни најстариот лисец како него не може да го сокрие, бидејќи во тие моменти на човек „на челото му пиш