Зимски хороскоп од професионален астролог!

Пишува: професионален астролог, Снежана ШтрковскаГолема активност на небото оваа зима, со бројни квадрати и опозиции. На 03 ноември 2013 година ќе имаме затемнување на Сонцето; планетата Марс еднаш во две години одбира знак во кој останува необично долго време. Овој пат тоа е Вага: Марс влегува во Вага на 08 декември 2013, а од таму ќе излезе на 26 јули 2014 година. Во меѓувреме ќе биде ретрограден, од март до мај, но за тоа во пролетниот хороскоп.
 
Добра вест е дека Нептун се враќа во нормално, директно движење на 13 ноември 2013, а Уран на 17 декември 2013. Но затоа Јупитер ќе е ретрограден од 07 ноември 2013 година до 06 март 2014 година, како и божицата на љубовта Венера, од 21 декември до 31 јануари.
Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.
 
Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година,кликнете тука и нарачајте – соларен хороскоп.
 
ОВЕН – Ви претстои нервозна зима, посебно од 06 декември па натаму, околу новогодишните празници, како и кон крајот на јануари 2014 година. Некои неправди (ваши или туѓи), како и дејности кои одеа наопаку уште од летоска, сега ќе си дојдат на свое место, и/или ќе се исправат. Пари кои се за враќање (вие некому или некој вас) ќе ви бидат актуелни во втората половина од декември и речиси во цел јануари. По дома – зголемен број на луѓе или повеќе простор, но ако замине некој, ќе почувствувате празнина.
БИК – Вашата владетелка Венера ќе се движи ретроградно оваа зима, а тоа за вас драги Бикови ќе донесе љубов. Олабавете се зимава по тоа прашање, а контактите со пријателите ќе зачестат, посебно од средината на ноември до околу 17 декември. После тој датум подгответе се за презакажување на договореното. За пари ѕвездите ви се наклонети. Значи – активно, но и напорно на моменти.
БЛИЗНАЦИ – Зголемени обврски и контакти со многумина ќе се во центарот на вниманието за ова оваа зима. И пари, секако, посебно екстра пари кои сакате да ги земете. Ќе обновите старо пријателство зимава, а некој ваш близок или доволно важен, ќе се врати од странство. За работа – ситуацијата се подобрува. Во љубовта – ќе недостасува романтика оваа зима. Повеќе ќе бидете заинтересирани за нешто конкретно, отколку за симнување ѕвезди.

 
РАК – Јупитер во вашиот знак ќе донесе успорување на нешто, ситуација или контакт. Или пак самите себе ќе се успорите, посебно после настаните кои ќе ви ги донесе помрачувањето на Сонцето, после 03 ноември. Крај на јануари и почеток на февруари 2014 година се денови кога треба да внимавате на зборовите, можен е судир со некого, некакво големо спротивставување. Стабилноста е во прашање, која сте си ја воспоставиле кон средината на декември, па некој ќе сака да ја наруши.
ЛАВ – Ќе обновите контакти со странство зимава, за работа или приватно. Вашиот владетел е Сонцето, и ќе е помрачено, односно скриено од Месечината на 03 ноември 2013 година. Помрачувањето ќе го почувствуваат сите знаци на свој начин, но бидејќи се работи за вашиот владетел Сонце, вие ќе сте погодени со некој настан поврзан со дома. Тоа за вас драги Лавови ќе донесе некакви промени дома, или почеток на нешто што ќе ви е многу значајно во наредните месеци. Декември е месец за љубов за вас, а за пари наклонети ви се ѕвездите во речиси цел зимски период.
ДЕВИЦА – За вас драги Девици зимава ќе помине во знакот на муабетење: зачестени контакти со луѓе за работа, за пари. Посебна сума пари очекувајте околу 01 ноември, а потоа и околу новогодишните празници. Божицата на љубовта Венера, на својот пат по небото ќе се сретне со богот на подземјето, Плутон, во деновите околу 16 ноември. Тоа за вас е период на чуден пресврт во љубовните ситуации. Позитивно или не, ќе знаете дури во февруари 2014 година. Новата година ќе ве дочека ангажирани во заработување пари.

 
ВАГА – Марс влегува во вашиот знак на 08 декември и тука ќе остане цели осум месеци – до 26 јули 2014 година. Што и да ви донесе, ќе имате доволно енергија (и лутина) да пребродите. Внимателно околу 21 декември и во деновите околу новогодишните празници, некаква кавга ќе избувне од ништо. Вашата владетелка Венера ќе се движи ретроградно до крај на јануари, за тоа за вас ќе значи и занимавање со домот, или повеќе време ќе минувате по дома, со членовите од семејството, поради некоја причина.
СКОРПИЈА – Помрачување во вашиот знак: Месечината ќе го покрие Сонцето на 03 ноември. Внимателно и антените високо горе. Посебно во деновите околу нова година, ќе ве следи некаков судир кој самите на себе ќе си го предизвикате: кажано- прекажано- недокажано, а некој од пријателите ќе се скрие зад туѓите зборови. Настани поврзани со пари очекувајте кон крајот на ноември, а речиси цела зима ќе се занимавате со долг (ќе враќате позајмени пари или ќе ги наплаќате парите што ви ги должат).
СТРЕЛЕЦ – Бројни активности и настани ќе има околу вас, или ќе им се случуваат на луѓето со кои контактирате, а вие и натаму ќе имате поддршка од некого за пари. Вашиот владетел Јупитер ќе се движи ретроградно од 07 ноември 2013 до 06 март 2014 година, а во тој период некој ќе ви го побара заемот назад. Посебно ќе ви е проблем да се организирате со пари за време на новогодишните празници. Добар период за вас е средина на декември 2013, како и крајот на јануари и почеток на февруари 2014 година. По дома – ќе се стабилизираат некои односи.

 
ЈАРЕЦ – Плутон е во вашиот знак и ви дава дополнителна сила да ја истуркате зимата. Ќе помине само 4 степени на небото, гледано од Земјата, но затоа ќе се најде во два судира. За време на новогодишните празници очекувајте некакво спротивставување на релација дома-работа-родители, посебно мајка. Околу 31 јануари 2014 година, ве очеквуа спротивставување, онаму или од некој од кој што не сте очекувале. Добрата вест за вас драги Јарци доаѓа околу 10 ноември 2013, убава вест од странство, кон крајот на ноември 2013, настан поврзан со љубов, а околу 12 декември, некаков убав настан поврзан со пари или самопотврдување.
ВОДОЛИЈА – Почетоци поврзани со работа, нешто ново ве очекува зимава. Нема да останете без работа доколку барате, а ако веќе работите – ќе се смени нешто на тоа поле: фирма, канцеларија, колеги, за секого слично но различно. Ситуацијата со парите ќе ве загрижи во ноември, а веќе во декември ќе ви се врати насмевката на лице. Нечесни тактики и озборувања се можни во јануари 2014 година, па ѕвездите велат и вие да бидете внимателни, да не кажете нешто повеќе отколку што сте планирале или требало да се каже.
РИБИ – Нептун е во вашиот знак и тргнува директно на небото, гледано од Земјата, а тоа значи дека она што стоеше од јуни, сега ќе се придвижи. Дури и ако тоа не го сфативте како проблем летово, бидете сигурни дека откако ќе се олабават ситуациите, ќе забележите дека имало проблем. Во љубовта – големи очекувања. За пари – големи суми доаѓаат, а сепак зимава ќе ја памтите по непланираните трошоци, посебно ќе имате трошок поврзан со деца (ваши или туѓи). Колку и да не ги сакате снегот и студот, зимава ќе бидете постојано во некакво движење.Голема активност на небото оваа зима, со бројни квадрати и опозиции. На 03 ноември 2013 година ќе имаме затемнување на Сонцето; планетата Марс една

Пронајдете не на следниве мрежи: