Зимски сладолед од чоколадо!

Сладоледот е десерт  во кој уживаме летно време, но кој вели дека не можеме да го јадеме и  кога надвор е ладно.Ви ја претставуваме зимската варијанта на сладолед која би можела да се најде во вашиот ладилник   во текот на претстојните новогодишни празници.
Потребни состојки:
100гр црна чоколада
300мл полномасно млеко
85гр шеќер
 3 жолчки
300мл слатка павлака
6 корнети
Подготовка:
Ставете го млекото во сад за готвење и додадете ги парчињата  чоколадо и полека загревајте  мешајќи додека не се растопи чоколадото. Тргнете од оган и оставете да се олади.

 
Изматете ги жолчките и шеќерот во густа смеса, потоа префрлете ги во сад за готвење и додадете го растопеното чоколадо. Се заедно гответе на тивок оган со непрекинато мешање додека смесата не се соедини.
Кремот  оставете го да се олади  повремено мешајќи за да не се создаде кора на врвот. Изматете шлаг од слатката павлака и соединете го  со чоколадниот крем. Смесата ставете ја во замрзнувач два часа додека не се  стегне. Така смрзната смесата ставете ја во блендер и матете додека не добиете густа леплива текстура. Потоа послужете.
Совет: Во  чоколадната смеса можете да додадете и мелени ореви, бадеми или замрзнато овошје. Ви ја претставуваме зимската варијанта на сладолед која би можела да се најде во вашиот ладилник   во текот на претстојните новогодишни п

Пронајдете не на следниве мрежи: