Ѕирнете во ИДНИНАТА на СЕКСОТ: Електрична јагула и уште пет нови видови презервативи!

Со напредокот на технологијата се подобрува и совршенството на средствата за контрацепција. Ви претставуваме шест презервативи кои со сигурност ќе ве воодушеват.Да започнеме:
Сагами: Најтенкиот презерватив на светот
Тој е дебел само 0,001 милиметар, додека просечната дебелина на презервативите изнесува 0,070 милиметри. Исто така, тој не мириса на латекс и може да убеди повеќе луѓе да практикуваат сигурен секс.

Електрична јагула: Електричен презерватив
Овој презерватив испраќа ситни електронски импулси и така обезбедува задоволство.

Капичка за врвот од пенисот
Овој презерватив е невозможно да се објасни, но да пробаме. Се става од два дела: првиот можете да го ставите неколку часа пред да имате секс и со него да уринирате, да се туширате, а да не ви пречи. Потоа се става капичката која обезбедува подобар оргазам.

Елептика: Женски кондом, но практичен
Додека женските кондоми по правило не се практични, овој кондом полесно се става поради својот облик и ги охрабрува жените да преземат контрола.

Алтернатива: За алергичните на латекс
За оние кои имаат проблеми со латексот, овие кондоми се одлична алтернатива и во нив дури може да се стави лубрикант, што не е случај со обичните кондоми.

Вива гел: Кондом кој ги убива болестите
Овие кондоми ги убиваат полово преносливите болести, благодарејќи на астродимер натриумот кој нема антибиотици во себе, но ги убива вирусите. Направени се за оние кои се плашат од полово преносливи инфекции, или пак за оние кои се забавуваат со некој кој ги има.
Да започнеме:
Сагами: Најтенкиот презерватив на светот
Тој е дебел само 0,001 милиметар, додека просечната дебелин

Пронајдете не на следниве мрежи: