Мислите дека не можете де живеете без парите? Ирецот Мајкл Бојл сакаше да го проба тоа и сега си го живее животот без профит, банкарски сметки и трошење пари.„Ако некој пред седум години ми кажеше дека ќе живеам без пари, јас би се задушил од смеење додека би го јадел мојот оброк подготвен во микробранова“, вели Мајкл.
Тој вели дека пред крајот на своето школување сакал да си најде добра работа. И успеал во тоа. Но, како што тврди, сиот тој труд бил поради тоа да биде оценет од општеството како успешен човек. Дури имал и своја јахта.Но, едно видео од Ганди му го сменило мислењето…
Една вечер додека бил излезен со пријателот, филозофирале на многу теми за животот и загадувањето на животната средина, што им изродиле многу идеи за кои не ни биле свесни дека би можеле да бидат остварливи.
„Ако сами си ја одгледуваме нашата храна, нема да трошиме ни третина од вообичаеното. Ако самите изработуваме мебел, нема да го фрлиме веднаш штом ќе почуствувме дека повеќе не ние потребен. Ако треба да ја чистиме водата која ја пиеме, тогаш сигурно нема да уринираме во неа“, вели Мајкл.
Затоа тој реши да ја направи промената која што тој би сакал да ја види: почна сам да ја одгледува храната и да бара диви плодови, а потоа најде и стар караван што го паркирал на органска фарама во која претходно работел како волонтер. Неместо струја, тој си направил печка и така се грее на неа.
Наместо четка и паста за заби, тој употребува коски од сипа и диви тревки. Употребува рециклирана хартија, се вози со велосипед и употребува свеќи кога му е потребна светлина.
„Ова беше мојата најсреќна година досега. Имам многу повеќе пријатели и многу сум поздрав од порано. За разлика од порано, луѓето ме сакаат поради мене, а не поради моите пари“, заклучи Мајкл.
„Ако некој пред седум години ми кажеше дека ќе живеам без пари, јас би се задушил од смеење додека би го јадел мојот оброк подготвен во микро



