Жителите на малото шпанско село Церезалес дел Кондадо ги пробуди веста дека преку ноќ станале милионери.Еве што се случило.
Медиумите пренесоа дека милијардерот и основач на пиварата Корона, Антонио Фернандес, кој почина во август оваа година, наводно оставил по 2.3 милиони евра.
„За жал, тоа едноставно не е точно“, изјави Лусија о Алахос, пред културниот центар кој е основан во чест на Антонио. Таа вели дека селаните останале запрепастени откако ја слушнале веста дека се прогласени за милионери.
Насекаде се пишуваше дека сите 80 жители на селото преку ноќ ќе добијат 210 милиони долари благодарение на еден човек. Се чини дека нечија шега излезе од контрола, вели таа.
Фернандез е роден во 1917 година, а своето огромно богатство делумно го оставил на семејството (13 браќа и сестри), иако немал свои деца. Сепак, не може да се каже дека не направил ништо за своето село.
Селото ќе добие и нов културен центар, а ќе профитира и локална непрофитна фондација. Во светот познат е по својата хуманитарна работа, во која е и добротворната организација Солтра, што ги вработува луѓето со инвалидитет.Еве што се случило.
Медиумите пренесоа дека милијардерот и основач на пиварата Корона, Антонио Фернандес, кој почина во август оваа година,