Жито Лукс донира производи за помош на бездомните лица погодени од ниските температури и снежните врнежи. Помошта се состои од прехранбени производи со кои ќе се задоволат дневните потреби на овие лица и истата ќе биде доставена до пунктовите за згрижување бездомници: Црвен Крст – Момин Поток, Центар за згрижување 25ти Мај – Бутел и Завод за згрижување Ранка Милановиќ.„Помош за социјално загрозените лица во државата, деца и возрасни и воопшто секаде каде е потребно е основната компаниска определба на Жито Лукс. Така, помошта и за бездомните лица кои се особено погодени од ниските температури и временските услови претставува дел од нашата грижа за заедницата. Ги следиме настаните во нашата околина и настојуваме да помогнеме каде што е најпотребно и со оваа донација сакаме да ги поттикнеме сите кои можат да помогнат, да го сторат истото“, изјавија од Жито Лукс.
Со падот на температурите и интензивните врнежи од снег, бездомните лица се директно и најмногу погодени. Жито Лукс, како и секој пат, излегува пресрет покажувајќи ја својата грижа и општествено одговорна страна.„Помош за социјално загрозените лица во државата, деца и возрасни и воопшто секаде каде е потребно е основната компаниска определба